Прогласен е полициски час во главниот град Киев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во главниот град на Украина Киев е најавен нов полициски час.

Полицискиот час ќе биде во сила од 20:00 часот (18:00 часот по Гринич) денес до 07:00 часот (05:00 часот по Гринич) во среда, напиша градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, на апликацијата за пораки Телеграм.

„Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече тој.