Производителите на пелети не се задоволни од одлуката на Владата за ограничување на малопродажната цена на пелетите.
Претседателот на Здружението на производители и дистрибутери на производи „Биомак енерџи“, Владимир Стојановски вели дека доколку сегашната мерка остане на сила, од 1 декември нема да има нови количини пелети на пазарот.
Од „Биомак енерџи“ ја повикуваат Владата да се најде заедничко решение.
За ова прашање денеска зборуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.
За ваквата изјава на министерот за економија, Стојановски одговори дека тие цени се од просекот што ги вклучува цените од мај и јуни и дека тоа е лажен одраз. Според него, отсега увозните цени на пелети во земјава ќе бидат повисоки од продажните цени.
