Променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен локален дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.
