Променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер..
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје од наутро со повремен дожд, а потоа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Нови врнежи од повремен дожд ќе има од вечерните часови.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
