Променливо облачно со дожд и северен ветер – снег на планините од утре

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. T=19°C. P=984hPa. U=70%. V=3m/s.

Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.