Променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
