Ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.
