Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје,  променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.