Променливо облачно со сончеви периоди, температури до 33 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10
до 16, а максималната од 24 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе
достигне до 31 степен.