Промотивната конвенција на ВЛЕН – Меџити: Се работи во секој дел од албанските населби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под мотото „Еден глас“, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа промотивната конвенција на коалицијата ВЛЕН за локалните избори.

Кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити, се пофали со работите што ги завршиле како коалиција. Тој исто така рече дека очекува победа и во Чаир.

„Го донесовме законот за соодветна застапеност, го донесовме законот за медресето ‘Иса Беј’, го донесовме законот за затворање на казината, вработивме илјадници Албанци, ја зајакнавме столбот на Охридскиот договор како никогаш досега – децентрализацијата, затоа се работи дел по дел во албанските населби“, изјави Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Чаир.

Билал Касами, кандидат за градоначалник на Општина Тетово, рече дека во вториот мандат ќе има капитални инвестиции во оваа општина.

„Вториот мандат е мандат во кој ја водиме Тетово кон трајни стандарди, наместо кон привремени решенија. Не чека голема работа и капитални инвестиции со конкретни програми детално разработени со јасна визија за модерен дигитален град“, вели Билал Касами, кандидат за градоначалник на Општина Тетово.

Зекирија Ибраими рече дека вработиле 2.300 Албанци и 700 се унапредени, нагласувајќи дека тоа е праведна и соодветна застапеност.

„Многу сум горд што поделивме 80 милиони евра за развој на албанските општини, што направивме стотици проекти во албанските општини, а отсега натаму ќе поделиме уште 240 милиони евра за развој на албанските општини“, изјави Зекирија Ибраими, ВЛЕН – претседател на Алтернатива.

Говори одржаа и вицепремиерот Арбен Фетаи, шефот на изборниот штаб Аднан Азизи, кандидатот за градоначалник на Струга Менди Ќира, кандидатот за градоначалник на Кичево Фатмир Лимани, Беким Фазлиу од Движењето Арбериа, како и Хисен Дурмиши од Движењето Самоопределување во Косово, кој беше гостин на конвенцијата.