Пронајден хеликоптерот, но состојбата на иранскиот претседател останува непозната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тимовите за пребарување го пронајдоа урнатиот хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, пишува Гардијан.

Како што јави иранската државна телевизија, хеликоптерот е пронајден, но се уште нема информации за состојбата на патниците, меѓу кои бил и претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште неколку високи функционери се урна во северозападниот дел на Иран.

Претходно беше објавено дека е стапено во контакт со еден од патниците на леталото.