Пронајден тоалет стар 2700 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелските археолози пронајдоа древен тоалет во Ерусалим кој датира од пред 2700 години, кога приватните купатила биле луксуз.

Изреалската управа за антиквитети соопштила дека тоалетот бил четириаголна кабина која била дел од пространа вила со поглед на сегашниот стар дел од градот.

Дизајниран е така што на него можело добро да се седи, а под него е ископана длабока септичка јама.

„Само богатите можеле во тоа време да си дозволат тоалет“, рече Јаков Билинг кој раководел со ископувањето.