На 04,05,2021 година во 17 часот во СВР Охрид пријавено е дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.
