Во тек е „недалата на Моцарт 2021“, а оваа година се објавува и едно порано непознато дело на познатиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт.
Новоткриената композицијата под назив „Allegro in D – K.626b/16“, ја отсвири познатиот пијанист Сеонг-Џин Чо во големата сала во Салцбург наречена „Моцартеум“.
Реџиталот од 94 секунди е одржан на 27. јануари, датумот кога се одбележува 265 годишнината од раѓањето на Моцарт.
Моцарт наводно ракописот го напишал на крајот од 18 век, најверојатно во 1773 година кога ја завршувал посетата на Италија, или веќе се враќал во родниот град Салцбург. Тогаш имал 17 години. Директорот кој се грижи за истражувањата на Моцарт, рекол дека „ракописот изгледа необично за стилот на Моцарт“, додавајќи дека „компизицијата е очигледно напишана многу брзо“.
Не е познато зошто досега не е објавена оваа композиција.
