Пронајдени 11 тела во киевското предградие Хостомел

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници. Информацијата не може да се потврди од независни извори.

Хостомел, кој се наоѓа северозападно од главниот град Киев со аеродром во близина, беше цел на интензивни напади од почетокот на војната. Повеќето од 16.000 жители побегнале.

Пред неколку дена, украинските војници ја вратија контролата врз Хостомел, како и врз соседните градови Буча и Ирпин.

Началникот на локалната воена администрација завчера рече дека околу 400 жители на Хостомел се исчезнати и оти властите планираат да започнат со проверка на подрумите