Пронајдени двете тинејџерки од Скопје – мајката на Мелиса: Се плашев да не заминат од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два дена по исчезнувањето, конечно се пронајдени малолетните девојчиња Аниса и Мелиса. Во добра здравствена состојба тие првично се испратени во полициската станица Бит Пазар.

„Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на улицата “Џон Кенеди“, во близина на продажен објект во паркот, од Единиците на Внатрешни работи Центар и Бит Пазар, по еднодневна потрага најдени се малолетните М.К. (15) и А.А. (12) за кои беше пријавено дека исчезнале на 30.03.2023 вечерта. По документирање на случајот, малолетничките ќе им бидат предадени на родителите“, велат од МВР:

Беше кажано дека последен пат се видени кај ОУ “Лириа“ во Гази Баба каде што учат.

„Контактиравме со директорката на училиштето која ни рече дека Аниса три дена не дошла на училиште, а Мелиса една недела“, посочи репортерката на ТВ21.

Вознемирена, мајката на Мелиса кратко време пред да бидат пронајдени, отишла во полиција за да бара помош. За ТВ21 таа кажала кога последен пат ја видела ќерка си.

– Можеш ли да ни кажеш кога исчезнала и кога бил последниот контакт со девојката?

„Последниот контакт со девојчето го имавме вечерта, заедно бевме на 29 четврток дома. Добро, добро беше девојчето дома.“

Таа се посомневала дека девојчињата се обидуваат да ја напуштат Македонија, бидејќи неколкупати ја прашувала за потребните документи за минување на границата.

„Ме праша дали може со матичен број или државјанство, ги спомна сите документи, ги знае сите, се интересираше, ме праша дали може да излезе надвор од границата, ми го спомна ова“.

По двете девојчиња се трагаше  од четвртокот кога во полициска станица било пријавено дека заминале во непознат правец.

Од МВР велат дека по документирање на случајот двете малолетнички ќе им бидат предадени на родителите. Синоќа во потрагата по малолетничките  се вклучи и навивачката група „Шверцери“.