Пронајдени остатоци од потонатата индонезиска подморница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тимовите за пребарување пронашле делови од потонатата подморница, каде загинаа 53 луѓе, изјави началникот на индонезиското военото воздухопловство маршал Хади Тјаханто.

„Можеме да потврдиме дека подморницата „КРИ Нангала 402“ потона и сите 53 морнари починаа на должност“, истакна Тјаханто.

Подморницата учествуваше во воена вежба во близина на брегот на Бали, а на 21 април изгуби контактот со командата на брегот. Снабдувањето со кислород на подморницата беше доволно само да вчера.