Вечерва во 20.05 часот, Тимот на Горската служба ги пронајде двете изгубени лица и истите безбедно се донесени во Битола. Лицата се безбедни, без повреди и се малку исплашени.
Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека се изгубени две лица во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).
Биле воспоставени контакти со нив, но батериите на телефоните им се испразниле. Тимови за потрага и спасување беа излезени на терен, за среќа со среќен крај за лицата кои на крајот се безбедно донесени во Битола.
