Пронајдено и второто лице по инцидентот во автобусот на ЈСП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска бил идентификуван и вториот насилник од двете лица кои се однесуваа агресивно и упатуваа закани во автобус на ЈСП, објави Сител.

Завчера полицијата го приведе едниот, а денеска и другиот. Првиот кој беше приведен и порано имал проблеми со полицијата и нападнал службеник на ЈСП кој му побарал билет.

Инаку, нивното агресивно однесување стана јавно откако на социјалната мрежа Твитер се појави видео снимано во автобусот каде тие упатуваа сериозни закани кон останатите патници само поради тоа што им кажале да стават заштитни маски.