Денес е први април, познат како Денот на шегата
Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1-ви април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1-ви Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.
Се проценува, дека 1 април како ден на шегата го прославуваат околу 1 милијарда луѓе низ светот. Иако е еден од најпопуларните интернационални празници, некои веруваат дека времето за шеги е дозволено само до 12 на пладне, а некаде тоа се прави по цел ден, но во секој случај, ако крајниот резултат е насмевка и позитивно расположение, тоа добро е да трае колку што може повеќе.
Интересен е моментот во Данска, кој се случил во 2001 година. Станува збор за метрото, кој токму за денот на шегата, тамошните власти го поставиле на главниот плоштад, пред градското собрание, но да изгледа како да пропаднал. Всушност, тоа беше старо возило од метрото во Стокхолм, исечен на косо,а околу него расфрлани плочки на лик на оние од плоштадот и затворено со заштитна лента, која се поставува во случај за незгоди.

Кај нас и без први април пропаѓаат возила по плоштадите, но секако шегата е за секој ден, нели?

