Проштална средба на претседателот Пендаровски со израелскиот амбасадор Дан Орјан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани.

На средбата соговорниците констатираа дека Северна Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит. Претседателот Пендаровски се заблагодари за израелската поддршка од стекнувањето на нашата независност до денес и притоа нагласи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во културата и туризмот.

На средбата стана збор и за моменталните состојби во двете држави со пандемијата на Ковид-19, за процесите за вакцинација на граѓаните при што се разменија мислења и информации за последиците од пандемијата.