Европската комисија планира да ги предупреди граѓаните да бидат подготвени да си обезбедат храна и основни потреби најмалку 72 часа во случај на криза, се вели во нацртот на Стратегијата за подготвеност на ЕУ што го пренесе Политико.
„Во случај на сериозни нарушувања, почетниот период е најкритичен“, се наведува во документот, кој предвидува сценарија како што се војна, сајбер напади, заразни болести и поплави предизвикани од климатските промени.
Пет години по првите заклучувања поради пандемијата Ковид-19 и три години од почетокот на руската инвазија на Украина, додека заканите од природни катастрофи и економски шокови продолжуваат, новата стратегија доаѓа во време кога Европа се чини дека се движи од една во друга криза.
„Ниту една од големите кризи во последниве години не беше изолирана или краткотрајна“, се истакнува во него.
„Европа повеќе не може да си дозволи да реагира само кога ќе се појават проблеми“.
Заменик-претседателката на Европската комисија Роксана Минзату планира да ја претстави стратегијата оваа среда.
„Време е да се поправи покривот додека сè уште грее сонцето“, изјави Минзату за „Политико“.
