Протест на кандидатите за директори на училиштата – со месеци чекаат за обука и полагање испит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Платиле околу  500 евра за обука и полагање испит за директори  на основните и средни училишта, но со месеци чекаат да ги повикаат  од Државниот  испитен центар. Затоа кандидатите протестираа пред Центарот велејќи дека се пријавиле согласно законот за обуки.

Директорката  на Испитниот центар изјавила дека последните обуки се одржале во декември минатата година, а во март се планира да започнат другите обуки. Но,  Александар Георгиевски  вели дека обуките треба да се одржуваат почесто бидејќи има многу кандидати кои чекаат.

Кандидатите апелираат  до директорката на Центарот да ги почитуваат законите и веднаш да започне процесот на обука, во спротивно ќе се преземат мерки.

Кандидатите  велат дека според нивните информации до овој момент се формирани над 5 групи и сите кандидати ги исполнуваат условите, а пред 5 месеци платиле  за обука и  полагање испит за директори на основните и средни училишта и интернати.