Протест пред руската амбасада во Тирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред руската Амабсада во Тирана денеска имаше протест против  руските напади врз Украина.  

Насобраните граѓани се изјаснија против војната во Украина. 

 -Окупацијата на Украина е агресија против аспирациите на независна земја, како и напад врз Европа и аспирациите на народите да живеат во слобода и еднаквост. Оваа инвазија е отворено кршење на самата демократија. Солидарноста со народот на Украина е граѓанска должност на секој човек кој верува во универзалните вредности на слободата и мирот, порачаа од протестот. 

 -Ова не е протест против рускиот народ, кој на овој или оној начин е исто така погоден од оваа трагедија. Овој протест е против владејачкиот диктаторски естаблишмент на Русија. Пред сè, ова е митинг да се застане на страната на украинскиот народ и вредностите на правдата, посочија организаторите на протестот.