Протест против високите сметки за струја – „Срцев удар ќе добиев од сметката за струја“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неразумно високите сметки за струја, барем како што велат дел од потрошувачите, беа причина да го изразат револтот преку протест пред ЕВН во Аеродром. Сметките им се повисоки од месечните примања дури и на оние кои не се греат на струја.

„Излегов на протест денеска, бидејќи ми дојде сметка 39 000 денари. За декември ми дојде 34 500. Нека ми каже премиерот како јас да ја платам сметката за струја кога земам минималец 18 000 денари. Нека ми каже и ќе ја платам“.

„Сама живеам со 14 000 пензија, 7 000 струја што не е потрошена. На струја се греете? Не се греам на струја, на плинска печка се греам, на плин готвам, едно кафе не варам на струја. Кафе, чај на плин готвам и сијалиците трчам ги гасам во темница седам, да не трошам струја зошто слушам на ТВ да се штеди, да се штеди, штедам максимално. И кога дојде сметката ќе добиев срцев удар“, велат граѓаните.


Сметките за струја во зимскиот период се повисоки од другите месеци, бидејќи дел од граѓаните немаат друга опција за греење велат од ЕВН. Во Скопскиот регион регстрирана е зголемена потрошувачка на електрична енергија. Зголемувањето на цената на струјата според нив има минимална улога.

„Во некои од прашањата на корисниците за сметките се утврди дека во најголемиот дел се работи за точно потрошени киловат часови колку што е во сметката, а во некои случаи стануваше збор за проценета вредност поради непрочитано броило или порамнување од претходно непрочитан период. Корисниците во приемните канцеларии чекаат во зависнот од барањето кое го поднесуваат“, велат од ЕВН.


Напоменуваат дека корисниците за било каква поплака можат да се јават на телефонскиот број, електронската пошта или во простпориите на Корисничките енерго центри на ЕВН.
Стопанската комора за енергетика и компаниите, на 25 февруари, ќе излезат на протест пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза.