Околу 45 полицајци се повредени во текот на протестот во главниот германски град Берлин во текот на викендот, вклучувајќи ги и протестите против ограничувањата воведени поради коронавирусот. Денеска демонстрантите се собрале, но во далеку помал број од вчера.
Берлинската полиција соопшти дека три службеници се задржани во болница, не наведувајќи ја тежината на нивните повреди.
Повеќе од 1.000 полицајци го надгледуваа протестот во саботата на кој беа присутни 20.000 лица.
Полицијата на крајот го прекина протестот поради тоа што учесниците не носеле маски, а протестот беше токму за рестриктивните мерки.
