Протестен марш: „Сакаме правда“ – „Aваја“: Полиција со години применува насилство врз Ромите!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред една година ова видео ги „преплави“ социјалните мрежи на кое може да се види како полициски службеник применува насилство врз граѓанин на Битола.

Судот донесе одлука полицаецот да биде осуден на затворска казна од една година.

По тој повод, денеска припадниците на ромската заедница дојдоа од разни градови пред Кривичниот суд во Скопје. Преку марш побараа Апелациониот суд да ја прифати одлуката и таа да стане правосилна.

И Елвис Шакири од организацијата „Аваја“ рече дека со години ромската заедница била малтретирана од страна на полициските службеници, но за среќа, како што додава, случајот од Битола е објавен и сите граѓани го виделе однесувањето на полицијата.

Инаку, независните синдикати на полицијата и на затворската полиција заедно со администрацијата минатата недела излегоа на мирен протест низ битолските улици, преку кој побараа ослободување на полицискиот службеник Гоце Петковски.