Маршираа во чест на покојниот Реџаиљ Ќерими кој пред една недела почина во затворот во Идризово. Според нив, смртта на Ќерими е мистериозна. Мирно и без инциденти, демонстрантите маршираа од плоштадот Скендербег до канцелариите на ЕУ во Скопје. Со транспаренти на кои пишуваше “Слобода, правда и еднаквост“ им се обратија на претставниците на ЕУ. Тие бараат меѓународна истрага и судење за сите судски случаи за кои постои сомнеж дека се монтира ни.
„Не се креваме прв пат, а сигурно ни последен, за да и ставиме до знаење по кој знае кој пат на домашната и меѓународна јавност дека во оваа држава продолжува дискриминацијата и неправдата кон Албанците во оваа земја. Како може поинаку да се објасни оваа состојба додека бројот на осудени Албанци се уште е многу висок“, вели Јонузи.
Братот на починатиот, Јетулах Ќерими рече дека Реџаиљ Ќерими доживеал голема неправда. Додава дека судските одлуки ги носи политиката а не самите судии.
„Политиката редовно го диригира судството. Нема тука воопшто сомнеж дека судиите не ги носат сами одлуките. Не, одлуките и казните н а доживотен затвор ги носат политичките партии на власт“, вели Ќерими.
Бедри Ајдари, еден од роднините на осудените во случајот Монструм, го спомна ослободувањето на Мијалков, Камчев, Рашковски и Трајко Вељановски, додавајќи дека за жал тие немаат пари за да им ја купат со пари слободата на нивните блиски.
„Ние не можеме ниту имаме пари да платиме, немаме луксузни куќи за да ги вложиме како гаранција за да им а ја слободата на нашите браќа од притвор. Тие не ги третираат на хуман начин. Ако беше третиран Реџаиљ праведно и хумано, ако Господ одредил да почине, ќе починеше во нормални услови, дома“, вели Ајдари.
Демонстрантите си заминаа ветувајќи дека нема да престанат да бараат правда и најавија други протести за расчистување на политички монтираните случаи.
