Протести низ светот против царините – Трамп игра голф на Флорида

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку заврши игра голф на еден од своите терени во градот Јупитер, објави Би-Би-Си.

Засега нема знаци на протести во близина. Во блискиот трговски центар неколку луѓе носеа црвени МАГА капи, а поголемиот дел од локалното население само љубопитно го следеше зголеменото присуство на полицијата и новинарите од таканаречениот „базен“.

Трамп се уште не се огласил, а ниту Белата куќа, а единствената информација која стигна од Белата куќа е дека претседателот победил во второто коло на турнирот во голф за сениори и утре ќе го игра финалето.