Протести во Алјаска пред историската средба Путин – Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку стотици жители со украински знамиња, се собраа на протест во Алјаска, пред историската средба помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин закажана за денеска.

Дел од луѓето сметаат дека овој историски состанок нема да донесе ништо ново, и ги навредуваа двајцата претседатели. Дел од нив, пак, сметаат дека ова е историски чекор кон мирот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин треба да слетаат во заедничката база Елмендорф-Ричардсон, на 30 минути возење. Украинскиот лидер Володимир Зеленски не беше поканет.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп коментираше околу очекувањата од состанокот со Путин. Трамп кажа дека Путин нема да се игра со него и дека уште во првите минути ќе знае дали состанокот е успешен, истакнувајќи ја можноста за нова средба на која би присуствувал и украинскиот претседател Володомир Зеленски.