Протестираат жителите на Кривогаштани – не дозволуваат реконструкција на 2 моста без да се најде алтернативен пат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Кривогаштани и околните населени места втор ден по ред протестираат бидејќи единствениот регионален пат што ги поврзува општините Крушево, Кривогаштани и Прилеп се очекува да биде затворен подолг временски период поради реконструкција на два моста во селото Врбјани.

Жителите се против користење на тесните селски патишта кои не ги исполнуваат критериумите за безбеден сообраќај.

За оваа состојба зборуваше и градоначалникот на општина Кривогаштани, од каде се обратиле до Јавното претпријатие „Државни патишта“ и побарале алтернативно решение.

Од Јавното претпријатие „Државни патишта“ велат дека градежните работи за рехабилитација на овој дел од патот, во должина од 920 метри, се при крај и ќе бидат завршени најдоцна до 25 мај.

Ги замолуваат граѓаните за трпение поради квалитетно спроведување на градежните работи.

Инаку, овој дел од патот во должина од околу 900 метри, околу мостовите, се реконструира повеќе од една година и настана невиден хаос во сообраќајот, а дури имаше и една жртва.