Противпожарни возила од минатиот век, територија од 479 км ја покриваат со два камиона од ’80-те

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е еден од камионите, на пожарникарите во базата во Ѓорче Петров. Овој камион е од ’80-те, има уште еден и истите треба да покријат поголема територија од Град Скопје, општина Ѓорче Петров и Сарај.


Има само два противпожарни камиони. Стари и спори, треба да покријат територија со површина од 479км квадратни. И целата оваа површина треба да ја покрие персонал од само тројца пожарникари.
Овие камиони често пати се надвор од функција и не можат да им помогнат на граѓаните во случај на итност.

Сега во пролет кога растат температурите, се зголемуваат и пожарите и први кои треба да реагираат се пожарникарите со ваквата опрема.
На самоиницијатива пожарникарите ги одржуваат камионите во возна состојба.


Тече вода од нив, а пожарникарите имаат поставено кофа, а освен вода тече и масло. Според едно истражување направено од центарот за граѓанска комуникација, овие камиони во просек се стари 27 години.
„(Територијалните противпожарни единици во земјава имаат само 220 возила за противпожарна заштита во кои влегуваат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Во земјава има 30 вакви единици.
Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век. Најстари се две возила од 1966 година кои ги поседуваат Струмица (од марката ФАП 13) и Валандово (од марката ТАМ 5500)“, посочија од Центарот за граѓански комуникации.

Пожарникарите зад камерата на ТВ21 велат дека се пред пензија, а се загрижени дека нема кој да ги замени.
Контактиравме и со синдикатот на пожарникари но од таму не сакаа да зборуваат иако рекоа дека ќе ги кажат своите маки, сепак беа недостапни за ТВ21.