ПРОТОКОЛАРЕН СКАНДАЛ при слетувањето на авионот Софија-Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколкуте екипи на националните телевизии останаа на стотици метри оддалечени од авионот кој означи старт на авионската линија Софија-Скопје.

Снимателите на Влада, министерства и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата.

Присутно беше и аеродромското обезбедување на самата писта. Влада исто така не се организатори, а од Министерството за транспорт и врски од каде беше испратена и покана за настанот останаа без одговор по големиот број на реакции од страна на медиуми на самата писта.

Присутни беа екипи на ТВ21, МРТ, Сител, МИА, Телма и неколку фоторепортери.

Ги потсетуваме владините институции дека слободата за известување на новинарите не треба да биде попречена, освен во случаи кога тоа мора да се ограничи поради безбедност

Ова не е прв пат медиумите да бидат oставени дури и со километри од настанот на аеродром, а снимателите на владините институции да имаат пристап и да снимаат за Фејсбук и Тик-ток.