Проверете дали имате слух за пеење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Можеби сте еден од оние кои сакаат да пеат, но вашиот „талент“ навистина не им се допаѓа на луѓето околу вас. Ако тоа е така, имајте на ум дека не сте едниствени.

Иако нечие слабо пеење и недостаток на слух обично се изедначуваат, само околу пет проценти од светската популација навистина нема слух. Проблем на перцепција е кога луѓето не можат да го погодат тонот или да го следат ритамот, пишува IFLScience.

Научниците сè уште не сфатиле зошто луѓето не можат да препознаат тонови, но неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа може да биде поврзано со суптилните варијации на белата маса во мозокот. Патеките во белата маса го поврзуваат делот од мозокот одговорен за обработка на звук со областа на мозокот одговорен за поголема обработка. Истражувањата покажаа дека глувите имаат помалку ефикасни врски помеѓу двата дела на мозокот.

Ако некогаш сте се запрашале дали имате слух или не, Харвард разви тест што ќе ви го открие тоа. Ставете ги слушалките и решете го https://www.themusiclab.org/quizzes/td