Министерството за внатрешни работи информира дека на 1ви февруари односно првиот ден од почетокот на системот „Безбеден град“ регистирани се 64 лица кои поминале на црвено светло.
Од нив, на територија на Скопје се 35, додека во Тетово пет и Куманово 24.
„За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите. Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци“, велат од МВР.
