Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија после 21 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија го откри првиот случај на африканска свинска треска од 1994 година, откако вирусот беше пронајден кај две диви свињи кои угинаа во близина на Барселона, соопшти денес Министерството за земјоделство.

Министерството ја информираше Европската Унија и активираше итни мерки во погодената област додека трае истрагата за потеклото на инфекцијата.

Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, се шири низ Западна Европа во последниве години.

Болеста нанесе тежок удар на свињарската индустрија во Германија и доведе до забрана за извоз во прекуокеанските земји.

Хрватска, исто така, се мачеше во последните месеци да го спречи ширењето на болеста на свињарските фарми.