Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми.
Тој неодамна дошол од Унгарија.
Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по што му се земени примероци и нивната обработка во лабораторијата на Институтот „Торлак“ покажала дека пациентот е позитивен на новиот коронавирус.
