Прв случај на коронавирус во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа истакна дека откриен е првиот случај на коронавирус во Турција, јавува Агенцијата Анадолија.

„Резултатите на еден наш граѓанин за кој се сомневаше дека има коронавирус, се позитивни“, посочи Коџа, на прес конфереција.

Коџа информираше дека пациентот се заразил по посета на Европа и дека лицето целосно е изолирано од надворешниот свет.

Според него, овој случај во Турција е рано дијагностициран.

„Пациентот е машко и е во добра состојба. Сите членови на неговото семејство и сите блиски лица до него се под надзор“, објасни Коџа.

Тој упати апел до граѓаните да не патуваат во странство доколку не е задолжително и да ги почитуваат препораките на министерството за заштита од коронавирус.

„Додека го предупредувавме светот, во исто време се подготвивме. Нашето министерство, нашата држава со сите свои капацитети ја планираше својата борба против коронавирусот“, порача Коџа.

Тој нагласи дека еден случај или неколку случаи не треба да се сметаат како епидемија.