Словенечките медиуми објавија дека е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, а станува збор за маж кој се вратил од Канарските острови.
„Н1 Словенија“ објави дека пациентот не е хоспитализиран и станува збор за благги симптоми.
Се очекуваат повеќе информации за случајот во текот на денот, а претходно СЗО објави дека нема потреба од масовна вакцинација против новиот вирус.
