Во Република Српска е регистриран првиот случај на инфекција со новиот коронавирус, потврди денеска Министерството за здравство на Република Српска.
Се работи за дете на заразен маж од Бања Лука, ученик во основното училиште „Бранко Чопиќ“, јавува Аваз.
„Можеме да очекуваме уште случаеви. Ноќеска се консултиравме за првите контакти на заболениот пациент, односно семејството. И неговото дете е позитивно на коронавирус. Веќе разговаравме со директорката на училиштето и се преземени одредени мерки. Училиштето денес нема да работи, а родителите и децата за кои се смета дека биле во контакт со заразеното дете ќе бидат прегледани“, додаде Ален Шераниќ.
