На кои комерцијални категории недвижности треба да им се посвети внимание, како да се мотивираат инвеститорите и што треба да направиме за развој на нашиот пазар, се некои од прашањето за кои се дискутираше на првата конференција за недвижности организирана во земјава. Но, како стои Северна Македонија во однос на другите земји од регионот од аспект на развој на пазарот?
Според Стела Дами од Колерс Интернешнал, Северна Македонија има доста напреднато во развојот на слободните зони, но не и во туристичките зони.
„Пазарот на Северна Македонија е доста интересен пазар особено во областа на логистичките инвестиции и во слободните економски зони. Во овој правец би рекла дека Северна Македонија е пред Албанија. Јас верувам дека Северна Македонија може да направи многу во овој правец. Ние имаме голема среќа што живееме во една од најубавите зони во светот што се однесува до природните убавини, едноставно ни недостига да речам желба за развивање проекти кои ќе бидат одржливи“, вели Стела Дами.
Во правец на натамошен развој на слободните економски зони, директорот на Управата на ТИРЗ, Јован Деспотовски рече дека со моделот кој го спроведуваат веќе 18 месеци, имаат придобивка и домашните компании.
Инаку ова беше прва конференција за недвижности во земјава на која се дискутираше за 6 точки а присутни беа експерти од земјава, регионот и пошироко.