Прва жртва од инцидентот во германскиот град Штутгарт: Жена почина во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во германскиот град Штутгарт потврди дека едно лице загина, како последица од влетувањето на возач во група на луѓе на трамвајска станица.

Станува збор за 46-годишна жена која им подлегнала на повредите во болница.

Освен неа, повредени се уште седум лица, и се префрлени во болница. Две тешко повредени се надвор од животна опасност.