Прва жртва од коронавирусот во Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Албанија прва жртва на коронавирусот. Станува збор за 73 годишна жена од Драч, која пред 10 дена се вратила од Италија. Првично била хоспитализирана на клиниката за пневмонија, а потоа нејзината состојба се влошувала.

Жената страдала и од други болести, кои заедно со коронавирусот дополнително ги ископлицирале нејзиното здравје.

Случајот го потврдија и од Министерството за здравство.