Првата молитва во Мека во месецот Рамазан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Муслиманските аџии во вторникот ја извршија својата прва молитва во месецот Рамазан во Мека, Саудиска Арабија.

Почитувајќи ги мерките и одржувајќи ја пропишаната оддалеченост, аџиите облечени во традиционално бело се молеа околу Кааба, најсветото место во исламот.
Само оние кои биле вакцинирани или неодамна се опоравиле од коронавирусот имаат дозвола да присуствуваат.

Во текот на месецот Рамазан, муслиманите се воздржуваат од храна и пијалоци помеѓу изгрејсонцето и зајдисонцето.

Каба е аџилак што способните муслимани се должни да го посетат барем еднаш во животот. Милиони луѓе го посетуваат ова место секоја година, а повеќето од нив се од странство.