„Првата од 3-те галиии во коритото на Вардар почна да заминува во историјата! Скопје, една поинаква приказна! -вака ја најави демонтажата градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Откако беше најавено отстранувањето од страна на Град Скопје со реакција се јави сопственикот Жарко Миленковски.
„По повод рушењето на оваа галија во центарот на Скопје со реакција се јави и сопственикот на бродот, Жарко Миленковски. Тој вели дека судски спор има, но се додека нема судска одлука оваа галија не смее да биде срушена. Инвестицијата чини 1,2 милиони евра.“, вели репортерот на ТВ21.
ЖАРКО МИЛЕНКОВСКИ:
- Град Скопје нема никакво побарување спрема нас!
- Ова е приватна инвестиција, Град Скопје нема инвестирано ниту еден денар!
- На градот плаќаме по 1000€ месечно за концесија. Сé е платено, не должиме ништо!
- Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, се уште е во сила.
- Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка како би се спречило настанување на штета.
- Ова е странска инвестиција од бугарски инвеститор. Информирана е Бугарската Амбасада и Европската Унија.
- Ние не сме виновни ниту за Пандемијата ниту за политиките на бившата власт, ниту треба да трпиме штета поради ветувањето на Градоначалникот дека ќе ги руши галиите.
- Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор.
Плативме се’ 100% и по една недела добивме информација дека еднострано е раскинат договорот.
Според Шилегов нема никаква правна пречка за да се отстрани галијата, еве и зошто:
-Договорот со кој е поставена галијата е со извршна клаузула, извршната клаузула значи дека кога ќе се исполнат условите за раскинување на договорот галијата може да се отстрани автоматски без да се води судска постапка.-вели Шилегов.
Галииите во центарот на Скопје беа поставени во реката Вардар од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како дел од проектот Скопје 2014. Во 2011 година Советот на Град Скопје донесе Одлука за спроведување на постапка за доделување на правото на поставување урбана опрема за вршење угостителска дејност на Кејот на реката Вардар со која беа предвидени условите за давање на право на угостителите да ги постават овие објекти во времетраење од 30 години, за што треба да плаќаат надомест на Градот Скопје.