Први детали за убиството во Батинци: Лицата кои пукале биле со маски и веднаш се дале во бегство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пристигнуваат први детали за убиството во скопско Батинци, во кое едно лице е убиено, а едно тешко повредено.

Двајца напаѓачи со маски на главите со возило мерцедес со германски национални ознаки, пукале во 34-годишниот А.Б.И. и сопатникот 32-годишниот З.И. кои биле во џип Форд, со италијански национални ознаки. Убиството се случило во близина на Поштата.

Бил отворен оган од возилото Мерцедес кон џипот Форд, при што А.И. починал на лице место, а З.И. бил повреден во десното рамо и бил пренесен во Ургентен центар.

Сторителите со возилото мерцедес избегале кон селото Драчевица.