Први случаи на коронавирус во Велес и Прилеп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со денешните нови 29 случаи на коронавирус во Македонија, за прв пат има заразени во Велес (три лица) и во Прилеп (две лица).

Поголемиот дел од новозаболените се од Скопје (20), од Куманово има дополнителни тројца, и од Дебар еден случај.

Со тоа бројката на заболени сега во Македонија изнесува 177 лица.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот кога министерот Венко Филипче ќе одржи прес-конференција.