Скопје денес ја одбележува 81-годишнината од ослободувањето во Втората светска војна.
Тоа се случи на 13 ноември 1944 година, кога најголемата можност да се овековечат тие моменти беше преку фотоапаратот, но ТВ21 ги оживеа со помош на вештачка интелигенција.
Сцените што ги гледате се засновани на фотографии од тој ден, но ставени во движење преку вештачката интелегенција.
На нив се гледа 19-та Ударна Бригада „Гоце Делчев“ како и 42-та Дивизија кои дефилираат низ ослободеното Скопје, додека на друга фотографија се прикажани Методија Андонов-Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски на свечената парада во главниот град.
Една друга фотографија прикажува група партизани од 12-та ударна бригада на Скопје.
Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле повеќе од 4.600 скопјани.
