Првото бебе родено во Куманово во 2026 година е машко.
Мајката Егзона Реџепи (31) и новороденчето се во добра здравствена состојба, a станува збор за второ дете во семејството Реџепи, родено со спонтано породување и со родилна тежина од 3.300 грама.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, и менаџерскиот тим на Општата болница Куманово денеска ја посетија мајката и однесоа пригодни подароци.
„Посакувам пред сè здравје и среќа на новороденчето, на мајката и на целото семејство. Очекувам 2026 година да биде бериќетна, плодна и исполнета со детски џагор, позитивна мисла и насмевки. Сакам да им се заблагодарам на дежурните лекари и на целиот медицинско-технички персонал за нивниот професионализам, како и на менаџерскиот тим на Општата болница Куманово, кој континуирано ги подобрува условите за работа“, изјави Димитриевски.
