Пукање на Тајмс Сквер во Њујорк, ранети три лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица се ранети во пукотница на Тајмс Сквер во Њујорк рано утрово, кога 17-годишен тинејџер, кој бил приведен од полицијата, отворил оган, објави „Њујорк пост“.

Меѓу повредените се едно 18-годишно девојче и двајца мажи, на возраст од 19 и 65 години.

Девојката се здобила со гребнатини на вратот, додека мажите биле ранети во нозете.